Охрид со стари дотраени или нефункционални хидрантски мрежи
Траорната трагедија во Кочани ги извади на површина проблемите и на останатите градови во земјава.
Објектите во Охрид имаат планови за евакуација при пожар но ретко кој од газдите и менаџерите се доволно обучени да ги спроведат истите дополнително градот има хидрантска мрежа која е за реконструкција час поскоро, нефункционална внатрешна хидрантска мрежа имаат и колективните станбени објекти, а има и градби без противпожарни скали за евакуација вели Коста Кузманоски од противпожарната служба од Охрид.
Од службата велат дека особен проблем имаат во стариот дел на градот каде што уличките се тесни, а дополнително на нив граѓаните ги паркираат автомобилите. Често при интервенции пожарникарите не можат да поминат со возилата.
Апелот периодов се однесува на палењето стрништа по нивите. Пожарникарите апелираат граѓаните да бидатособено внимателни оти многу лесно може да настанат големи последици.
Велат дека стојат на располагање на сите институции, училишта, објекти се’ со цел за реалистично увежбување на плановите за евакуација, давање на совети и препораки.