Охрид: Се урива првиот хотел-дивоградба
После плажите општинските багери денеска почнаа да го отстрануваат и првиот хотел дивоградба на охридското крајбрежје.
Со силно полициско обезбедување и бројна градежна механизација почна да се урива хотелот каде што акција за уривање првично имаше на 30 септември минатата година, но општинските екипи тогаш се повлекоа по ветување на сопственикот дека сам ќе си го урне. Тогаш општината му даде рок од 20 дена, но сопственикот не само што не го испочитува овој рок, туку до ден денес, немаше отстрането ниту една штица од објектот.
После овој хотел ќе се урива и базата во сопственост на советникот Нефи која се наоѓа во непосредна близина на хотелот. Уривањето треба да започне кон крајот на неделава, а советникот Нефи за тв 24 вели дека тој сам ќе ја отстрани дел по дел со своја механизација.
Градоначалникот Георгиевски пак вели дека бројката на објекти кои ќе треба да се отстранат во оваа акција се движи околу 15.Но се контролирале уште многу други надградби и доградби на веќе легализирани објекти во заштитениот појас кои истотака ќе бидат срушени.
Онаму каде што нема да постапат градоначалниците ќе постапат инспекторатите вели министерот за транспорт Сугаревски потсетувајќи го струшкиот градоначалникот Мерко да започне со извршување на должностите.
За разлика од Охрид каде повеќе од две недели градежна механизација го чисти крајбрежјето - во Струга се уште нема никаков сигнал дека нешто ќе се урива напротив на плажите се работи со полна пареа.