Охрид преполн, не се почитуваат мерките за заштита
Foto

Охрид преполн, не се почитуваат мерките за заштита

Охрид за продолжениот празничен викенд е преполн со гости. Колони возила пристигнуваа во главниот туристички центар. Посетителите подзаборавија на корона вирусот,  дел од туристите не ги почитуваат мерките за заштита, не носат маски ниту пак држат социјална дистанца. 

Најголеми гужви има на плажите, чаршијата и кејот. Шпицот на сезоната донесе и сообраќаен хаос, а градот е преполн и со ѓубре од несовесните.

Епидемиолозите, пак сметаат дека напливот на туристи и непочитувањето на мерките за заштита на дел од гостите во наредниот период може да резултира со зголемена бројка на заразени.

0 Коментари

Остави коментари