Охрид почна да се подготвува за нова година

Денеска започна украсувањето во Охрид кое Општината ќе ја чини 1,400.000 денари. Дел од граѓаните сметаат дека како главен туристички центар празничното декорирање требало да започне и порано а други пак дека е на време и дека не треба многу да се троши.

Младите се за тоа дека градот треба и повеќе да се украсува по примерот на други туристички центри.

Од општината велат дека за украсувањето со цел да заштедат ќе користат и стари реквизити. За празниците најавуваат богата програма која ќе привлече голем број туристи.

“Градот ќе понуди привлечна новогодишна програма со богата содржина за децата, младите и возрасните. Истата е предвидено да се реализира во деновите пред и по дочекот на Новата Година, се до 14 јануари. Предвидена е богата музичка програма со познати естрадни уметници кои ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата Година на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.

Резервациите кај сместувачките капацитети  почнуваат од 25 декември, а за овој продолжен празничен викенд интересот за гостување на охридската ривиера е слаб.