Охрид на врвот по бројот на вакцинирани граѓани во државава
Со 63,9 отсто од граѓаните кои се вакцинарале со прва доза, Охрид е на врвот во државава по бројката на вакцинирани. Големиот интерес за вакцините против Ковид 19 е голем од сите возрасни групи уште од самиот старт на процесот велат од вакциналнот пункт.
Дневно во просек се инјектирале по 1.000 вакцини, таа бројка сега е драстично намалена токму поради високиот процент на досега вакцинирани.
Солиден е интересот за трета доза на вакцина. Ја примаат постари граѓани и здравствени работници.
Во меѓувреме се смирува и состојбата со Ковид-19. Ова го покажуваат последните статистики, но и лекарите.
Четвртиот бран на вирусот во Охрид поминал полесно од претходниот велат здравствените работници а тоа се должи токму на високата стапка на вакцинација меѓу граѓаните.