ОЈО за случајот Богданци: Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство

Брутален инцидент во Богданци со две жртви. Во изгорено возило пронајдено е телото на 17-годишна девојка, а во близина на автомобилот починато 21-годишно момче.

Од Обвинителството потврдија дека првичните индиции за случајот во Богданци упатуваат на убиство и самоубиство, но нагласуваат дека случајот во целост ќе биде испитан. Информираат и дека на 16 октомври имало пријава за загрозување на сигурноста по која веднаш е постапено, и дека во меѓувреме во граѓанска постапка на лицето му биле определени мерки за заштита од семејно насилство. Полицијата денес потврди дека се пронајдени две безживотни тела, од кои едното во опожарен автомобил, а другото покрај возилото.