ОЈО во контакт со колегите од Косово и Албанија за предистрагата за случајот на онкологија

Обвинителството стапило во контакт со јавните обвинителства во Косово и Албанија за предистрагата која се води за Клиниката за онкологија

Од обвинителството за ТВ 24 велат дека побарани се директни средби во следните денови за непосредна размена на информации кои може да помогнат во постапката. Ќе се бараат податоци за пациенти од Косово кои биле лекувани во Македонија и ќе се бараат информации за евентуални сознанија за илегална продажба на онколошки лекови таму.

Од министерството за здравство пак денеска соопштија дека акцелераторот кој беше набавен пред седум години конечно ќе биде ставен во функција на пациентите на клиниката за онкологија.

„Министерството за здравство ангажираше професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор, по што ќе следи адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новиот апарат. И покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено“, се вели во соопштението.