ОЈО со детали: Снимки од видеонадзор поставен во куќата го откриле убиецот

Анестезиолошки техничар вработен на КАРИЛ осомничен за убиството на 76-годишниот Климе Митрески, чие безживотно тело беше пронајдено во неговиот дом во Охрид.... Неофицијално станува збор за 53 годишниот Жарко Гроздановски од тетовското село Брвеница, кој како што велат од обвинителството, со Митревски склучил договор за доживотна издршка...Истрагата покажала дека осомничениот го извршил убиството  за да го спречи Митрески да го раскине договорот кој го склучиле кај нотар во февруари 2025 година...

Јавно обвинителство Охрид: „По вербална расправија околу одлуката на оштетениот да го раскине договорот, осомничениот од зад грб физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата. За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт. Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, го напуштил местото. “

Според Охридските медиуми, Митрески поседувал недвижен имот во стариот дел од Охрид со проценета вредност од повеќе од 1.000.000 евра..Воедно, бил сопственик и на угостителскиот објект ...

Од министерството за внатрешни работи синоќа потврдија дека привеле едно лице под сомнение дека извршило убиство ..Како што соопштија од МВР, во тетовското село Брвеница, уапсено било лице кое се сомничи за извршување на кривичното дело... 

Осомничениот се поврзува и со настан во 2019 година кога во својство на лидер на организацијата „Христијанско братство“, му се заканувал на тогашниот премиер Зоран Заев и на останатите членови на владата...Од МВР тогаш соопштија дека во Тетово е уапсен жител на селото Брвеница кое на социјалните мрежи, објавило видео со заканувачка содржина. 

Дел од членовите на организацијата „Христијанско братство“, меѓу кои и Грозданоски, учествуваа и во протестите што кулминираа со упадот во Собранието...„Христијанско братство“ и Грозданоски беа активни и во протестите против уставните измени во 2018 година.