ОЈО: Отворен е предмет за можни неправилности во постапувањето на Центарот за социјални работи за случајот од Тафталиџе
Социјалните работници под лупа на обвинителство. Оформен е предмет кој треба да истражи дали вработените во Меѓуопштинскио центар за социјални работи на град Скопје постапиле правилно во случајот - каде по серијата на семејно насилство Ивана и нејзината малолетна ќерка од Карпош ги загубија животите при пад од тераса.
ОЈО.
- Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, извести Јавното обвинителство.
Од Националната мрежа против насилство со апел обвинителство без исклучок да ги пронајде сите службеници кои требало да постапат, а не постапиле.
Адвокатката Марта Гусар пак чија специјалност се случаите со семејно насилство бара да се охрабрат службениците и да ја кажат вистината за работењето во Меѓуопштинскитот центар за социјални работи во град Скопје
Вонредниот надзор на Министерството за труд и социјална политика утврди дека социјалните служби не оствариле непосреден контакт со Ивана, ниту пак извршиле увид во домот, туку само телефонски и административно ја контактирале и закажале средба со социјален работник.
Од министерството за социјала најавуваат и законски измени со кои ќе се зголемат овластувањата на службениците, но ќе се прецизираат и казните во случај на нивно непостапување.
Сопругот на Ивана Стојанче Јовановски пак останува во притвор Тој се товари за наведување на самоубиство, загрозување на сигурноста и нанесување на телесни повреди.

