ОЈО одзема документација од три фирми за наменски отворање на портали за рекламирање на изборите
Foto

ОЈО одзема документација од три фирми за наменски отворање на портали за рекламирање на изборите

Обвинителката Вилма Русковска отвори истрага за рекламирањето на ВМРО-ДПМНЕ во анонимни портали на последните избори.

По нејзин налог утрово се претресуваа три фирми кои фактурирале во име на девет интернет-сајтови. Се проверува дали опозицијата пред 15 јули уплаќала повеќе од законски предвидените 15 илјади евра со една уплата.

Извори од истрагата за ТВ24 велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова за Македонија потрошила 20 илјади евра а сумата ја распределила на седум анонимни портали. Се проверува дали рекламите кои сајтовите ги објавувале се поклопуваат со описот во фактурите. 

„Одземена е и документација од АВМУ за девет портали дали биле прописно регистрирани ladu.mk srekja.mk, gradina.mk, indigo.mk, visitskopje.mk, ekran.mk, biznisvesti.mk, makpress.mk и times.com.mk и дали истите објавиле ценовник за рекламен простор на политичките партии, како и евиденција во кој период биле наводните реклами.“

ТВ24 ги провери веб сајтовите кои се под лупа на обвинителството и според достапните податоци од вкупно девет, четири немаат импресум, останатите пет сајта е објавено кој работи и уредува вести. Тие демантираат дека добиле огромни суми од ВМРО-ДПМНЕ за да се рекламира кај нив.

„Нарачаната сума беше и се реализираше во износ од по 400 евра по сајт, што е далеку пониска од сумите кои се споменуваат во медиумите. Конкретната нарачка беше направена од страна на агенцијата „Глобал НЕТ ДООЕЛ“. - стои во демантот на lady.mk  

Според информациите на обвинителството се работи за наменски сајтови кои се активирани непосредно пред изборите. Проверката на информаци која ја направи ТВ24  преку МАРНЕТ- регистарот на домени покажува дека само порталот е регистриран пред изборите, на 21 мај годинава. Го поседува маркетинг агенцијата Медиа КОМ, основана во 2008ма година,  која се поврзува со уште десетина агенции. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на политички притисок. 

Оваа истрага ќе се шири и за другите политички партии и нивното рекламирање на последните парламентарни избори, најавува шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал. Според анализата на а1. Он, не само ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ и ДУИ се рекламирале во анонимни портали.

0 Коментари

Остави коментари