ОЈО Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс”

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” спрема уште едно лице. Станува збор за сопственикот на објектот, кој го издавал под закуп на дискотеката Пулс.