ОЈО И ПЕНДАРОВСКИ ВО КЛИНЧ, ДАЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СЕ МЕША ВО РАБОТАТА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО
Foto

ОЈО И ПЕНДАРОВСКИ ВО КЛИНЧ, ДАЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СЕ МЕША ВО РАБОТАТА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Аферата „Рекет“ ги заостри односите меѓу Јавното обвинителство и претседателот Стево Пендаровски. Обвинителството денеска реагира на изјавата на шефот на државата, потенцирајќи дека не е време за напади на институциите, и дека нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите.

- „Изјавата на претседателот дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото“ - Јавно обвинителство.

Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека за посочениот предмет се постапува неселективно и навремено. По ваквата реакција на Обцвинителството, се огласи Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, наведувајќи дека шефот на државата во своето обраќање на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ не го дискредитира Јавното обвинителство, ниту пак постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек

– „Потенцираме дека претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори се за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“.“ - Кабинет на претседателот Стево Пендаровски.

Инаку, денеска немаше ново продолжение на објавување на видео-снимки од страна на Ла Верита. Јавноста имаше можност во радио емисија да ја слушне анализата на новинарот Ларис Гајсер, кој го премолчи одговорот на прашањето со кого соработува во Македонија, само рече дека снимките имаат за цел да се разоткрие системска корупција, и дека одлучил јавно да ги објави материјалите стравувајќи од, како што вели, од уништување на доказите.

- „Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив. Се стравуваше дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме.“ - Ларис Гајсер – новинар на „Ла Верита“.

Еден месец по обелоденување на аферата, Владата одлучи формира оперативен тим за борба против криминалот и корупцијата. Во него ќе учествуваат сите функционери кои ги водат инстуртуциите чија примарна цел е токму борбата со корупција и криминал.

- „Потребна е брза и ефикасна истрага и изведување пред лицето на правдата на секој кој бил инволвиран во случајот „Рекет“, и воопшто во кој било случај, со цел да се поразат криминалците. Или ќе застанеме сите чесно и одговорно заедно и ќе ја извојуваме битката против криминалот и корупцијата и ќе кажеме дека сме способни дека сите заедно успеваме, за што се боревме долги години да ги поразиме криминалците, да ги поразиме арамиите, оти друг избор немаме за напредок на државата“ - Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

Владата порача дека тимот бескомпромисно ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото и сега.

0 Коментари

Остави коментари