ОЈО ГОКК го презема случајот со нарко аферата, вонредна контрола во скопската фирма
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го преземаа случајот со големата нарко афера во Србија, каде беа запленети пет тони марихуана пренесена од фирмата „АлфаФарм“ регистрирана во Македонија, дознава Телевизија 24. Ќе се истражува дали во Македонија постојат организирани групи поврзани со нарко аферата.
Телевизија 24 побара став од ОЈО ГОКК. Оттаму велат дека засега не може да соопштат повеќе детали од она што веќе го соопштија од Основното јавно обвинителство, а тоа е дека веќе е оформен предмет.
ОЈО ГОКК
- Во моментов не можеме да кажеме повеќе од она што веќе беше објавено вчера.
Во меѓувреме, во скопска Кисела Вода на адресата на фирмата „АлфаФарм“, Министерството за здравство во координација со Министерството за внатрешни работи извршиле вонредна контрола.
Оттаму информираа дека ќе постапат согласно сите законски прописи и засега не соопштуваат детали што било откриено по вонредната контрола.
ТЕЛОП Министерство за здравство
Врз основа на утврдената фактичка состојба и евентуално констатираните неправилности, Министерството ќе постапи согласно законските прописи и ќе ги преземе сите мерки предвидени со закон, доколку за тоа постојат законски основи.
Од здравство велат и дека одобрението за одгледување канабис за медицински цели на „АлфаФарм“ им било издадено во март 2024 година бидејќи било утврдено дека ги исполнуваат пропишаните услови.
За тоа дали и како поминале петте тони марихуана од Македонија во Србија од Царинската управа велат дека ќе спдоелат детали кога ќе ги имаат официјалните податоци.
Царинска управа
- Царинска управа ќе ги изврши потребните проверки во моментот кога ќе ги добиеме официјалните податоци. Притоа, апелираме да не се шпекулира со податоци кои не се потврдени од официјални институции.
Од она што досега е познато, српското јавно обвинителство покренаа истрага против петмина осомничени, а на тројца од нив им веќе им е определен притвор а еден е во бегство.Тие се товарат за неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.
Според информациите од српските истражни органи, марихуаната преку државната граница ја пренесувал косопственикот на фабриката во Македонија Иван Драгниќ , кој ја доставувал до складиштето на Раде Спасојевиќ и Небојша Спасојевиќ , од каде за понатамошна продажба ја преземал Урош Младеновски. Организаторот на криминалната група, Александар Мијајловиќ е во бегство. Фирматга во која требало да стигне марихуианата била во сопственост на пратеник од владејачката Српска напредна странка
Покрај марихуаната, полицијата запленила и 4 автоматски пушки, рачен фрлач и повеќе од 1,5 милиони динари, а вредноста на дрогата се проценува на околу 50 милиони евра.

