ОЈО ГОК ќе истражува дали има кривична одговорност во МНАВ за повеќе кривични дела
ОЈО ГОК ќе истражува дали има кривична одговорност во МНАВ откако како што информираа за ТВ 24 добиле кривична пријава против членови на Управниот одбор за повеќе кривични дела Во дописот само кратко наведуваат:
- Кривичната пријава за која покажувате интерес е поднесена до ОЈО ГОК од физичко лице против членови на Управен одбор на М-Нав за повеќе кривични дела . Предметот е распределен кај надлежен обвинител на натамошно постапување .
Ова доаѓа откако Владата позајми сретства од МНАВ , Мепсо и Лотарија за да го враќа кредтот на кинеската банка за автопатиштата кои се градеа , а премиерот Мицкоски најави дека истите ќе бидат вратени во август иако во договорот со МНАВ временската рамка беше ноември . Сепак ова отвори низа полемики во јавноста за тоа дали и колку управниот одбор на МНАВ може да позајмува сретства и дали тоа го прави во консултација со Еуроконтрол но и Европската банка за обнова и развој од која имаа и земено кредит за опремување и модернизација . Сепак но овие прашања директорите на управниот одбор не одговорија ниту пак службата за односи со јавност .
Партитие пак и денеска со реакции на оваа тема откако опозициската СДСМ го впери прстот кон премиерот .
- Мицкоски тврдеше дека е нормално државата да зема пари на заем од јавните претпријатија и дека тоа не значи банкрот. Денеска имаме кривични пријави. Според пријавата, “давањето позајмица на Јавното претпријатие за државни патишта не претставува трошок за маршутни навигациски уреди и служби“. Со давањето на позајмицата создаден е вештачки одлив на средства што М-НАВ мора да го прикаже во своите финансиски извештаи. При редовната ревизија од Еуроконтрол, овој одлив од 7.000.000 евра ќе биде квалификуван како неприфатлив трошок, бидејќи не е направен за целите дефинирани во Мултилатералната спогодба.
Со реакција се јавија денеска и од Левица каде пак велат:
- Само еден ден откако Владата најави ново задолжување преку МЕПСО, М-НАВ и Лотарија, Мицкоски се пофали дека Македонија има повисок економски раст од просекот на Европската Унија. Ако економијата навистина бележи таков раст, тогаш зошто државата од месец во месец бара нови задолжувања, додека граѓаните плаќаат сè поскапа храна, повисоки сметки и живеат со сè понизок животен стандард.
Премиерот пак и деновиве само кратко посочи дека станува збор за вообичаена пракса на позајмица како што и многу пати до сега се правело а оваа одлука
за одобрување на кратокорочна позајмица со МНАВ била потпишана на 17 јули а била донесена на владина седница на 14 ти каде во табелата од заклучоците по исходот на седницата само кратко стоеше како задолжение на ЈП ДП позајмица .

