ОЈО-ГОК ќе го води предметот за “Транспортот на мозоци“

Обвинителството започна истрага за случајот „извоз на македонски мозоци во САД за научни цели“. Предметот ќе го води Обвинителството за организиран криминал и корупција 

„Земајќи ја во предвид обработката, замрзнувањете и меѓународниот транспорт на човечки ткива ќе се испитуваат сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело - кое се гони по службена должност, соопштија од Обвинителството 

ОЈО 

- Предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тоа треба да преземе дејствија на прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи, во насока на утврдување на евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, пропусти или злоупотреби при добивање дозволи исогласности. 

Обвинителстовото предметот го отвори по допрен глас врз основа на објавени информации во медиумите.

Во меѓувреме Министерството за здравство веќе формираше работна група за случајот. Првиот човек на ресорот Азир Алиу -  смета дека е мала веројатноста да имало злоупотреби со извозот на мозоци. 

За Алиу проблем во истрагата може може да биде чувањето на документацијата случајот. Стариот закон кој важел до 2018 година , предвидувал сите материјали и документи да се чуваат 15 години, а сепак како што рече министерот се работи за проект стар 30 години. 

Од Владата без конкренти информации за случајот. Се работи за  состојба што се случувала пред неколку децении. Да оставиме на обвинителството и истрагата да одговорат, посочи премирот Мицковски.

Во американски извештаи стои дека во проектот македонски мозоци на истражување во САД учествувале и психијатриските болници во Бардовци, Демир Хисар и Негорци.

Професорото Алексеј Дума во изјава за ТВ 24 потврди дека ја отворил вратата за проектот во Скопје Од Македонија во САД на годишно ниво се испорачувале 10 до 15 мозоци.