ОЈО ги повлече основните две од три обвиненија против Цветан Панделевски за случајот „Империја“

Две од трите обвиненија против Цветан Панделевски за случајот империја се повлечени, а бизнисменот Зоранчо Митровски кој лани призна вина во случајот Империја и доби условна осуда, од вчера повеќе не одговара кривично. Обвнителството го повлекло обвинението против Митровски во целост, додека Панделевски нема да одговара за злоупотреба на службена положба и перење пари, но судењето против него продолжува за измама и за друго дело перење пари. Одбраната на Панелевски  вечи деја  OJO со овој чин ги потврдила сите аргументи кои Панделевски ги објаснувал пред јавноста и судот односно дека не постои никаква злоупотреба на службена должност, дека не постои дело перење пари и дека воопшто нема направена штета на држава по ниту еден основ. ТВ 24 побара став од обвинтелството и оттаму велат дека ОЈО не коментира изјави на институции, како и на одбрана која, како и јавниот обвинител, е странка во постапката пред судот.

Јавниот обвинител за двајца обвинети во предметот Империја го повлече обвинението во делот на Злоупотребата на службената положба и овластување по член 353 став 5 од КЗ, бидејќи искористување на службена положба и овластување, за кое одговараа обвинетите, со последните измени повеќе не е инкриминирано како незаконско во изменетиот член за злоупотреба на службена положба. Воедно, за едниот обвинет обвинението е повлечено и за кривично дело Перење пари заради непостоење на предикативното дело од чл.353, но судењето против него продолжува за кривично дело измама и за друго дело перење пари.

Истрагата за случајот Империја почна уште во поранешното Специјално јавно обвинителство, а продожи во редовното обвинителство со 19 осомничени. Само тројца седнаа во обвинителна клупа.