Ограничени маржите на училишниот прибор - трговците прават анализи
Владата со нова одлука намалување на трошоците за набавка на училиштен прибор, книжарниците засега не ја коментираат оваа мерка, а засегнатите семејства велат дека цените треба да се намалат, затоа што и месечните примања се ниски. Со оваа владина одлука се ограничува највисоката трговска маржа на училишниот прибор. На големо, маржата се ограничена на 5%, додека на мало до 10%. Премиерот вели дека мерката не е задоцнета, потенцира дека секоја мерка е добредојдена за буџетот на семејството. По анализираните увозни царински декларации на дел од производите, Владата констатирала дека многу производи се предмет на монопол или дуопол.
Христијан Мицкоски-премиер на РС Македонија
„Имаме да речеме увозна цена, пример еден, за маркери којашто е 60,1 денар, во малопродажба е 130 денари. Потоа, имаме цена, да речеме, јаглен за цртање од 300 пакувања, увозната цена е 68,6 денари, а во малопродажба е 200 денари. Боиците, ако увозната цена е 69,5 се продаваат од 120 до 150. Кај моливите имаме цена која што е увозна од 54,1 денар, се продаваат по 120 денари. Тетратки А4, увозна цена 40,1 денар, малопродажна цена 85 денари. Значи минимум два пати, а во некои моменти и повеќе од увозните декларации, така што цениме дека со ова драматично на пола, би рекле, би се намалил трошокот.“
Книжарниците засега не ја коментираат владината одлука, велат дека ќе излезат со став кога ќе им се нагласи дека треба да се намалат цените на училишниот прибор. Засега за да се опреми едно прваче изнесува од околу 3000-5000 денари, а на одредени места и до 8 000 денари.
Засегнатите семејства реагираат дека намалувањето на цените на потребниот прибор е неопходен во моментов.
„Во секој случај треба да се намалат цените, сепак сме во Македонија и се е скапо...“
„Треба, секако дека треба, луѓево немаат ниту за туршии сега...“
„Дефинитивно да. Скапо е. Некои фамилии имаат и минимум две деца..“
„Во ред е да се намалуваат. Поскапувањето е многу лошо за родителите..“
Секој септември е еден од критичните месеци за оние родители чии деца тргнуваат во училиште, но сепак се одлучуваат да купат се што е потребно, затоа што училишниот прибор е неопхеден за учениците за следење на наставата.