Ограничени маржи наместо замрзнати цени, ќе има ли нови ценовни шокови?

Ограничување на увозните маржи за производи на големо и мало – наместо замрзнување на цените на дел од основните прехрамбени и по 1 март за дел од експертите е мерка која добро ќе влијае на компаниите, но велат мора да се засили контролниот механизам. 

Со ваквата одлука ќе се спечат големи ценовни шокови но сепак граѓаните треба да очекуваат дека ќе има одредени покачувањата на цените вели во Студио 10 на ТВ24, универзитетскиот професор Борче Треновски. 

Новата мерка која надлежните во моментов ја разгледуваат и се очекува да започне да важи од 1 март ја најави вчера министерот за економија Крешник Бектеши.  Рече дека со оваа мерка и во иднина ќе се спречат големи ценовни шокови за граѓаните. 

Анализите се при крај – конечна одлука се очекува деновиве. За околу две недели се одмрзнуваат цените на прехранбените производи.

На 1 март истекува рокот на траење на владината мерка за замрзнати цени на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, месото, млечните производи, оризот, јајцата и тестенинините, на ниво на цената од први декември. 

Одлуката на Влада за замрзнување на цените на основните производи доаѓа по поскапувањето кое со месеци се забележеуваше, но и по прогласувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор, на 9 ноември. 

По најновите податоци на Државниот завод за статистика – дека годишната инфлација достигна оргомна стапка од 6,7 проценти - Народната банка смирува. 

Ситуацијата се следи, велат инфлацијата е над проектираното - стабилизација ќе има во второто полугодие.