„Огнените интегративци“ за ТВ 24: Го спасуваме Ахмети од Груби

Али  Ахмети не ги премисли поранешните најдовреливи сопартијци – огнената група која според информациите на тв 24 тој ја крстил така, не се откажува. Додека чекаат лидерот на ДУИ да ги повика  на состанок и сериозно да ги сфати нивните баарања, паралелно работат на терен и бараат поддршка од општинските ограноци, но и најавуваат значителен ангажман во законодавниот дом. Како опции кои се размислува се и пакет интерпелации за министрите на ДУИ, кои тврдат мора да се повлечат комплет, и нова влада да се формира  во консултации со партиските органи, кои велат не се формирани две години. Најавуваат дека видлив ќе биде притисокот во Собранието каде се очекува активирање на Изет Меџити, но бранејќи ги сопствените  убедувања, а контра политиките со кои велат не се согалсува групата, а истото се оечкува и од пратеничката Сузана Коџаџику.

Членови на „огнената група “ за тв 24 најаваува дека битката на Муса Џафери, Изет Меџити, Блерм Беџети, Висар Ганиу и останатите не е да го урнат ДУИ , ниту Али Ахмети - туку како што велат да ја спасат партијата од судбината на ДПА. 

„Ние не сме против Али Ахмети, туку ја спасуваме партијата и него  да не ја доживее судбината на ДПА и двоецот Арбен Џафери и Мендух Тачи, односно  Али Ахмети да биде лидер , а Артан Груби де јуре да ја води  партијата и да одлучува сам за се. Доколку Ахмети решил Груби да биде лидер, нека го предложи и формално, па ќе се соочиме на Конгрес , вели член на групата за тв 24.

Од групата незадоволни интеграцтивци, тврдат дека по поразот на локалните избори во шестата изборна единица, ДУИ ако продлжи така може да се движи само кон пораз и на паралментраните избори, особено велат тоа ќе биде поразително во шестата изборна единица. Незадоволствто Меџти и Беџети го искажале и на последниот сосатнок со претседателите на оо во ДУИ, со тоа што го напуштиле состанокот кога Груби го презел претсеедавањето. 

И додека се најавува доправ заострување на битката во Мала Речица, а со тоа и последици во Собранието, премиерот тврди дека Владата му е сигурна . 

 

Сепак со најавата за партсика непослушност во собраниетео на Меџити и многу лесно власта  би можела да остане без гласовите на Меџети и на  Коџаџику, со што ќе остане  само на 62 гласа, а неизвесно е колку мнозинството може да смета и на гласот на Диме Велковски, откако тој отворено застана против францускиот предлог. И не се појавува во на седница. Сето ова според пратенички матемарики може да донесе  прегрупирање во пратеничките групи , з ашто вече неформално мало и комуникација.