Огнената стихија не запира во Македонија - Ангелов алармира да се пријавуваат пироманите
Пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи..Од Центарот за управување со кризи предупредуваат бројот на пожари не се намалува а неофицијално, само во август се регистрирани по околу 40-тина пожари дневно...од 38 пожари колку што имаше вчера на целатата територија на македонија, активни се уште 9 додека пак 5 се ставени под контртола
„Пожарот кој што веќе дваесетина дена гори на територијата на македонски брод, кој што е составен генерално од два крака, еден кон јасен и еден кон селото белица, се уште е активен иако пожарот кај јасен е ставен под контрола. Пожарот нантериторијата на општина пехчево вчера беше ставен под целосна контрола па дури на моменти не покажуваше никакви знаци на горење. Доцна синоќа бемве оптимисти дека пожарот е целосно изгаснат. За жал, денес во препладневните часови повторно се разбуди“, вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Пожарникарите се уште се обидуваат да го изгаснат пожарот кој изби во националниот парк маврово а кој синоќа, опасно се доближи до селото врбен..покрај тешката механизација која помага над селото, во гаснењето учествуваат 20 тина ренџери од националниот парк маврово , специјалци од единицата тигар а помош им даваат и локалните жители...Од воздух гасат македонски и словенечки хеликоптери...
И противпожарните единици од кочани и регионот во текот на ноќта и од утрово продолжија со гасењето на шумскиот пожар што го зафати атарот на кочанското село Пресека на осоговските планини, а се прошири и кон селото цера во општина македонска каменица...Голем бробпем при гаснењето е стрмниот и непристапен терен, поради што пожарникарите утрово добија поддршка и од воздух. Огненените јазици, кои со помош на ветерот достигнуваат и над 20 метри, веќе опустошија околу 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума, како и нискостеблести растенија.