Официјално: Откажана е Формула 1 во Австралија
Foto

Официјално: Откажана е Формула 1 во Австралија

Формула 1 официјално потврди: Откажана е трката во Австралија.Она што го најави Би-Би-Си пред неколку часа, Формула 1 официјално го потврди: Откажана е трката во Австралија. Доцна ноќеска, Формула 1 потврди и на социјалните мрежи дека поради случајот на заразениот член на тимот на Мекларен, донеле одлука трката дефинитивно да биде откажана.

„По потврдата дека член на тимот на McLaren Racing е тестиран позитивно за КОВИД-19 и одлуката на тимот да се повлече од ГН Австралија, ФИА и Формула 1 свикаа состанок на другите девет директори на тимот во четвртокот навечер. Од овие дискусии се донесоа заклучоци со мнозинството на тимовите дека трката не треба да се одржи. ФИА и Формула 1, со целосна поддршка од австралиската корпорација за гран-при (AGPC), затоа донесе одлука дека целата активност на Формула 1 за Гран-при на Австралија е откажана.“ - стои во соопштението.

0 Коментари

Остави коментари