Официјална Софија - со часови трае состанокот на советодавниот Совет за национална безбедност за спорот со Македонија

Бугарскиот државен врв веќе неколку часа е затворен во кабинетот на претседателот Радев –  се расправа за позицијата кон Македонија и дали ќе има промена или не. Зад затворени врати во Софија, советот за национална безбедност е свикан по иницијатива на Радев и се оддржува само една недела пред најавената официјална посета на Скопје од новиот бугарски премиер Кирил Петков.

Денешните очекувања се – да се постигне консензус меѓу политичките партии и Радев, за Декларацијата од 2019та година и имплентацијата на Договорот за добрососедство, но и Радев да добие поголемо влијание во креирањето на новата бугарската политика кон Македонија. Од друга страна на масата во Софија на разгледување се ставени и одговорите кои македонската влада ги достави ,за барањата 5 +1.  Одговорите од Скопје беа испратени уште на почетокот на декември но и повторно препратени на крајот од месецот до новата шефица на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, а Бугарија се уште нема одговор.

Додека Петков и Радев дискутираат , екс шефицата на бугарската дипломатија Захариева пред почетокот на состанокот го искритикува претседателот Радев за свикувањето на Советот за национална безбедност за Македонија. Захариева е категорична дека има поважни теми од Македонија и не гледа закана за националната безбедност на Бугарија 

Во исто време пред зградата на Претседателството во Софија, се собрани и претставници на бугарската партија ВМРО, кои протестираат против можната промена на бугарскиот став во однос на пристапувањето на земјава кон ЕУ.

Утрово бугарската полиција повика човек за идентификација поради тоа што постави транспарент во центарот на Софија, на кој пишува дека во Македонија нема Бугари.

На транспарентот пишува: „Во Македонија нема Бугари, само Македонци. Така е и во Пиринска Македонија“.

Денешниот состанок има наслов „Интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија“, а меѓу повиканите кај Радев, е и бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, како и советничката на Петков за надворшена политика Весела Чернева која веже го посети Скопје