Официјална Атина лута за изјавата на Мицкоски дека македонското прашање не е решено
Официјална Атина ја смета за провокација изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена пред македонската дијаспора во Њу Џерси. Во ставот на грчкото МНР се вели дека македонското прашањем не е отворено, туку напротив е решено, конечно и неповратно.
Грција не пропушти во соопштението да подсети дека македонскиот европски пат не зависи само од Бугарија туку и од Атина, преку почитувањето на Преспанскиот договор.
- Грција потсетува дека натамошниот напредок на билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот курс на соседната земја бараат целосно почитување на Договорот од Преспа и, се разбира, воздржување од иредентистички прокламации и претензии кон соседните земји. - МНР на Р. Грција.
Премиерот вчера во Њу Џерси ја повика дијаспората да се бори за Македонија. Дополнителен коментар на реакцијата на грчкото МНР од владата нема.
Грчките медиуми анализираат дека „откако ја презеде функцијата минатото лето, Мицкоски, како националист, често ги прекрши условите од договорот нарекувајќи ја неговата земја „Македонија“ наместо да го користи уставното име Северна Македонија“.