Одземени повеќе предмети при претрес во ќелиите на осудените во „Диво насеље“ во Идризово
Foto

Одземени повеќе предмети при претрес во ќелиите на осудените во „Диво насеље“ во Идризово

При претрес изутрината во 5 часот во затворот во Идризово во ќелиите на осудените од „Диво насеље” се пронајдени мобилни и други недозволени средства.

Од Управата за извршување на санкции за МИА информираа дека по наредба на судот, со асистенција на полицијата утрово во КПД Идризово е извршен претрес во неколку ќелии, при што се откриени и одземени повеќе предмети кои се предадени на вештачење.

 

Акцијата поминала во најдобар ред и без инциденти.

0 Коментари

Остави коментари