Одземена лиценцата на „Беса травел“, во „Беса транс“ се уште не може да влезат инспектори
Министерството за економија и ја одзеде лиценцата на туристичката агенција БЕСА ТРАВЕЛ, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши
- Државниот пазарен инспекторат постапувајки по наше барање има доставено Известување од 11.01.2021 година со кое информира дека Правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор по како министер за економија донесов Решение за одземање на Лиценцата. - изјави Телоп Крешник Бектеши:
Според информациите Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на БЕСА ТРАНС со подружница БЕСА ТРАВЕЛ при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно истиот не работи. Директор на државен инспекторат за транспорт Руфат Хусеини за тв 24 вели дека не успеале да направат вонреден инспекциски надзор во агенцијата Беса Транс, која ги превезуваше патниците, бидејќи сопственикот не бил достапен, просториите секогаш биле затворени.
ТВ 24 побара одговор и од основното јавно обвинителство до каде е истрагата за превозникот „Беса Транс“ со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во Бугарија во која животот го загубија 45 лица. оТТАМУ ВЕЛАТ ДЕКА ИСТРАГАТА ЗА организаторОТ на патувањето, како и постапувањето на други надлежни органи, е во фаза на предистражна постапка во Основното јавно обинителство.
- Се преземаат дејствија за утврдување на фактите и евентуална кривична одговорност. Притоа, се испитуваат сите релевантни околности. Но, со цел да не и се наштети на постапката, во оваа фаза не сме во можност да споделиме повеќе детали за дејствијата кои се преземаат. - велат од ОЈО.
Инаку комбињата на „Беса транс“, каоо што објавија дел од медиумите, со тргнати ознаки продолжија да возат низ главниот град, а имаат и тури за деца до Попова Шапка. Дали е запознаен со овој случај го прашавме денеска и директорот на Државниот инспекторат за транспорт Хусеини кој ни изјави дека бидејќи комбињата сообраќаат на територија на Скопје, тогаш за тоа е одговорен градот.
Во автобуската несреќа што се случи на 23-ти ноември во Бугарија животот го загубија 45 македонски државјани враќајки се од екскурзија во Истанбул, организирана од Агенцијата Беса Транс.

