Односите меѓу Македонија и Бугарија не се подобруваат
Foto

Односите меѓу Македонија и Бугарија не се подобруваат

Бугарските ставови за оспорување на македонскиот идентитет засега наликуваат на јаз врз кој не се гради мост на компромис.

Изгласаната Декларација во бугарскиот парламент пред две години е поддржана од сите политички партии, а на Македонската Влада и преостанува поддршка да бара во меѓународните партнери. 

Шефот на државата Пендаровски денеска побара поголеми активности во одбрана на македонскиот јазик.

„Во период кога, за жал, од политички причини, повторно се негира постоењето на македонскиот јазик, иако тој е одамна верификуван од светската лингвистичка наука, токму делото на Конески е најмногу на удар. Во таа смисла, еден од најцврстите бедеми во одбраната од неаргументираните и често ирационални напади е Меѓународниот семинар за македонски јазик.“ - изјави Стево Пендаровски претседател на РСМ.

Јасно е дека проблемите се, се подлабоки. И МАНУ и БАН повеќе не соработуваат. Претседателот на МАНУ Коцарев во интервју за Слободен печат, најави дека соработка со Бугарската академија нема да има се додека не ги признае фактите.

Телоп Љупчо Коцарев Претседател на МАНУ - МАНУ и БАН имаа вистинска соработка во многу научни полиња, но прашањата за македонскиот јазик и идентитет, се чини, според мене, беа ставени „под тепих“.

И додека Софија се спрема за избори, бугарски аналитичари ја советуваат сегашната и идната бугарска влада да превземе дипломатски потези во одбрана од американски притисок за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

„САД ќе извршат притисок за побрзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Македонија. Поради тоа, ние треба да ја аргументираме нашата позиција зашто Американците разбираат аргументи и јасна позиција, и таа задача е во рацете на бугарската дипломатија.“ - изјави Димо Ѓуров екс шеф на бугарската Национална разузнавачка служба. 

Македонија засега бара португалска поддршка. Димитров и Османи денеска имаат средба во Брисел со шефот на португалската дипломатија Сантош Силва. Во Брисел се одржува првиот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ под португалски претседавање, а Димитров и Османи не побарале средба и со Захариева која е таму.

0 Коментари

Остави коментари