Одлуката за продолжување на кризна состојба во енергетиката во ќор сокак во Собранието

Попусто пратениците го усвоија дневниот ред на 86 седница кога не можат да расправаат по нив а меѓу нив и за Предлог-одлуката за продолжување на енергетската криза.

Причина за ова е тоа што овој предлог се' уште не поминал на матичните комисии. И власта и опозицијата се согласуваат дека не' чека тешка зима ама никако да се согласат дали кризната состојба е потребна за пребродување на кризата што ни претстои. 

Во меѓувреме комисијата за одбрана ја продолжи седницата на која дискутираат само пратениците на опозицијата а власта го остави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи сам да се бори да ги убеди пратениците да изгласаат нови 30 дена кризна состојба. 

За продолжување на кризната состојба треба да се гласа најдоцна за осум дена кога и завршуваат првите 30 дена од донесувањето на оваа одлука.