Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи

 

Владата денеска на седница треба да ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо.

Одлуката, според најавите, ќе важи до 30 април и ќе опфаќа над 100  производи. Како што информира Владата покрај основните прехранбени производи одлуката ќе вклучува и средства за хигиена, бебешка храна и производи кои имаат многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните.

Одлуката ќе биде донесена врз основа на извештајот од Државниот пазарен инспекторат, според кој кај трговците на мало е утврдено дека има над 20 отсто маржа на основните прехранбени производи и над 30 отсто маржа кај средствата за лична хигиена, додека кај увозниците дистрибутери се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50 отсто.