Одлуката на СДСМ да не ја подржи интерпелацијата за министерот Тошковски за премиерот Мицкоски е позитивен чекор

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на СДСМ да не ја гласаат интерпелацијата за 4 функционери меѓу кои  министерот за внатрешни Панче Тошковски и неговиот заменик Исеини како и вицепремиерот Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, а која ја поднесоа Европскиот фронт.

И премиерот Мицкоски ја поздрави одлуката на СДСМ, додавајќи дека е добро како што рече дел од политичките партии и покрај тоа што се во опозиција се свесни и не дозволуваат овие екстремите да ја вовлечат земјата политичко мочуриште.

СДСМ ваквата одлука ја донесе на вчерашниот прв Извршен одбор по изборот на новото раководство додавајќи дека во моментот гласањето недоверба на владините функционери не е решение за излез од кризата, но остануваат на барањето за лидерска. 

- СДСМ е фактор на стабилност во Македонија од нејзиното осамостојување и гарант на стабилните меѓуетнички односи. Сите историски немили настани на тој план биле надминати заради државничкото политичко однесување на СДСМ. Ја користиме оваа прилика уште да ги повикаме ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и сите останати парламентарни партии да го прифатат повикот за лидерска средба од каде заеднички ќе испратиме порака за стабилност. СДСМ.

Ова го наметнува прашањето дали е можно и по однос на ова да ги приближат позициите најголемите македонски партии откако премиерот Мицкоски иако останува на ставот дека за сега не гледа потреба од лидерска рече дека не ја исклучува можноста за тоа ако се разговара за идеи за иднината, за заеднички политики, а може и поединечно да оствари средби со лидери на партии доколку имаат идеи за како што рече нешто креативно да помогнат во развојот на државата.