Одлука на Синдикатот: Штајк на администрацијата во вторник

Вработени од најмалку шест министерства како и Државниот завод за статистика на 14 месецов излегуваат на по 30 минути протест пред министерствата. Причината се состои во неможноста да ги добијат додатоците на плата од 30 проценти.

Вработените во Државното правобранителство од денеска стапија во штрајк барајќи потпишување на колективен договор во кој ќе бидат предвидени додатоци на плата во висина од 30 проценти. Од Синдикатот на УПОЗ велат дека се штрајкува во сите правобранителства во државата и дека штајкот ќе трае до исполнување на барањата. 

Побаравме став и од министерката за финансии, Гордана Димитриевска – Кочовска, но одговор до овој момент не добивме. Од УПОЗ појаснуваат дека ваквиот потег на вработемите изразено во бројка е нешто преку 3. 800 работници кои едногласно бараат повеќе пари за вложениот труд. 

Од синдикатот посочуваат дека нема никаква правна пречка за потпишување на колективни договори со кои би се зголемила платата, без разлика за кој дел од јавниот сектор се работи, но буџетските корисници треба претходно да добијат дозвола од Министерството за финансии за да го направат тоа.