Одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар

И денеска поради отсуство на обвинетите и нивните адвокати повторно се одложи судењето за родилката од Дебар Јилдиз Веапоска. Таа со години ја бара правдата затоа што на породување во струшката болница едвај остана жива, а  остана без три органи.

Според Веапоска обвинетите веќе три години постојано бараат начин да го одолговлекуваат судењето со една цел, да застари делото.Но им порачува дека тоа нема да им успее и дека ако до крајов на месецот не се одржат предвидените рочишта таа и нејзините блиски ќе излезат на протест пред струшкиот суд.

 

Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев вели одложувањето на рочиштата со цел застарување на делото  укажува само на едно дека обвинетите се виновни за делата за кои се судат. 

 

Судијата Јордан Јованов денеска најави дека ако обвинетите не се појават на следните рочишта  ќе се носат присилно во судница со полиција но застарувањео на делото нема да се дозволи.

 

Новото рочиште е закажано за понеделник за во 10 часот во струшкиот суд. Во судскиот процес првообвинет е  Мухамед Асани, л гинеколог акушер и поранешен директор на струшката болница, второобвинет е неговиот син др  Блертон Асани, , и третообвинета е  Лилјана Јованоска, лекар-гинеколог акушер. Се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето откако дебарчанката Јилдиз остана без бубрег матка и јајник на породување во струшката болница.Делото застарува во август следната година.