Одложено судењето за „Беса транс“
Одложено судењето за сообраќајната несреча во Бугарија со автобусот на Беса транс. Причина за одлагањето на денешното судско рочиште е отсуството на претставник на Царинската управа како сведок предложен од страна на Јавното обвинителство.
Сопственикот и управител на „Беса tранс", Беким Хаџиу, и застапникот на правното лице „Беса транс", Шабан Хоџа, претходно се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за „фалсификување на исправа", кривично дело за кое што се обвинети.