Одложено казнувањето со камери: „Безбеден град“ стартува од 1 февруари
„Безбеден град“, ќе започне официјално со работа на 1 февруари. Иако првичните најави беа дека казните ќе започнат од 1 јануари, МВР одлучило да го пролонгира стартот за еден месец - поради потребата од дополнителни технички проверки и усогласување на правните процедури.
Камерите ќе бидат активни и ќе санкционираат на територијата на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж автопатските коридори 8 и 10.
Во моментов, мрежата е во фаза на тестирање на системот за препознавање регистарски таблички.
Во меѓувреме тестирањата покажаа загрижувачки огромни бројки на прекршоци во сообраќајот.

