Одложена примената на законот за трговија на зелените пазари

Собранието изгласа измени и дополнувања на законот за трговија на зелените пазари, со кои се овозможува дополнителен рок за преодната одредба во која се предвидува кој се може да работи на пазарите. Измените беа под притисок на пазарџиите. За законот се гласаше двапати, откако првото гласање беше поништено поради недоволен кворум.