Одложена посета
Бугарскиот премиер ја одложи посетата на Скопје на неопределено време - Кирил Петков е во 10дневна самоизолација поради контакт со позитивен на ковид -19. Состанокот на највиско ниво во Софија, им донесе карантин на учесниците меѓу кои и шефот на државата Радев поради контакт со спикерот на националното собрание, Никола Минчев, кој е позитивен на коронавирус, но не донесе промена во позицијата кон Македонија.
Експерти за ТВ 24 анализираат дека Софија успешно ги спои старите со новите бугарски барања, го исфрли од игра македонскиот оптимизам за позитивна промена и порачуваат дека е потребна нова стратегија на Скопје.
- Петков беше внимателен во она што е декларирано како програма на неговата партија и во коалиционата програма, меѓутоа тој стави нагласка на иднината. Имаше еден тон којшто даваше оптимизам. Меѓутоа тој се наоѓа во таква ситуација во каква што е во Бугарија, нема мнозинство, има коалициона влада и оттаму и мислам дека нашата страна треба да биде внимателна, од една страна да покаже конструктивност кон него, но да не западне во нова замка на нови отстапки, затоа што нивните барања се исти и дури би рекла дека јазикот дури и ескалира а тоа е видливо и од последната прес конференција на претседателот. еални резултати место рокови за влез во ЕУ, бара официјална Софија. Радев порачува дека дискриминацијата на 120 илјади македонски бугари ескалирала, Петков пак сака да ја поттикне соработката меѓу двете земји. Но колку економијата ќе може да ја спаси бугарско- македонската политика од ќорсокак? - вели Малинка Ристевска Јорданова ЕПИ.
Кирил Лазаров претседател на македонско бугарската стопанска комора 5.52– Тоа да биде еден импулс за стварање на взаемна доверба, откочување на тиие процеси, а и добар старт за почеток на преговорите со ЕУ. Тука пред се мислам на најголемите инфраструктурни проекти кои со години ги зборуваме во нашата комора, коридорот 8, железничкото поврзување, гасното поврзување, интерконекторот Стумица- Петрич, инвестиции во зелена енергија
Експремиерот на Бугарија и лидер на партијата, ГЕРБ, Бојко Борисов, собирот на државниот врв на Бугарија денеска го оцени како непотребен, а претседателот Румен Радев, му оневозможил каков било маневарски простор на премиерот Кирил Петков. Премиерот Петков беше најавено дека на 18 јануари ќе допатува во Скопје на средба со мандатарот Димитар Ковачевски.