Одложен мечот на Македонија У-21 кај Фарски острови, причина замрзнатиот терен
Foto

Одложен мечот на Македонија У-21 кај Фарски острови, причина замрзнатиот терен

Денеска требаше да играат и репрезентативците до 21 година, но натпреварот против Фарски Острови е одложен. Причина за тоа е замрзнатиот терен во Торшавн. Поради ниските температури, теренот уште синоќа бил замрзнат и невозможен за тренинг, камо ли за натпревар. 

Официјалните лица од УЕФА денеска констатираа дека мечот предвиден за 18 часот ќе биде одложен за јуни 2020-та. 

Ова требаше да биде петти меч за Македонија во квалификациите за Европското првенство до 21 година. Досега двапати победивме, одигравме нерешено со Казахстан и загубивме од Шпанија.

Foto Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари