Одложен конгресот на СДСМ

Партискиот конгрес на кој СДСМ требаше да ги анализира причините за резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 8 мај тукушто започна го одложија на неопределено.

Во соопштението наведуваат дека раководствата на општинските организации побараа дополнително време за подготовка на извештаите за парламентарните и претседателските избори. 

Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратенички мандати. Пред почетокот на конгресот изјави за медиумите дадоа Димитар Ковачевски и Фатмир Биде. Ковачевски рече дека очекува отворена дебата и да се разговара за сите прашања кои што влијаеја за изборните резултати. 

Битиќи потенцираше дека тоа што секоја демократска партија треба да го прави после изборни резултати тоа ќе го прави СДСМ денес на конгрес. Каков претседател заслужува СДСМ Битиќи кратко одговори дека партијата треба да добие победнички лидер. 

Паралелно со свикувањето на денешниот отчетен конгрес, во СДСМ започна постапката за избор на нов лидер и целосно ново раководство. За наследник на Ковачевски има четворица кандидати: актуелните пратеници и поранешни министри за одбрана и здравство Славјанка Петровска и Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски.