Одложен детскиот фестивал „Поточиња 2020“
Foto

Одложен детскиот фестивал „Поточиња 2020“

Поради настанатата ситуација со коронавирусот и согласно мерките од надлежните институции, Детскиот фестивал Поточиња 2020 закажан за 21 и 22 март во Националната опера и балет се одложува.

Организаторите информираат дека новиот термин за одржување на фестивалот ќе биде дополнително утврден и објавен, согласно состојбата во државата, во период кој ќе биде апсолутно безбеден за децата и граѓаните.

Сите кои набавиле билети ќе можат да извршат повраток на средствата на истото продажно место на кое ги купиле билетите.

0 Коментари

Остави коментари