Одлична стратегија за прва радост по година дена, Фетел го предводеше Ферари до еден-два победа во Сингапур
Foto

Одлична стратегија за прва радост по година дена, Фетел го предводеше Ферари до еден-два победа во Сингапур

Еден-два победа за Ферари на ГН на Сингапур. Наместо хет-трик на Шарл Леклер, Себастијан Фетел се радуваше благодарејќи на одлична стратегија.

Германецот реши прв да влезе во бокс, и ова се покажа како прав потег. Кога Леклер влезе по нови гуми само еден круг подоцна, и покрај тоа што имаше предност и доби побрз сервис од механичарите, се најде зад својот тимски колега.

Уште полоша беше ситуацијата на Луис Хамилтон, кој реши да остане подолго, па кога се врати на патеката беше зад Макс Верстапен, а за малку ќе загубеше позиција и во однос на Фалтери Ботас, тоа не се случи откако Финецот доби наредба да вози две-три секунди побавно под оправданиедека треба да ги штеди гумите.

Освен неизвесноста кој каде ќе се најде по менувањето на пневматиците, трката беше прилично досадна. За тоа придонесоа и неколкуте судари поради кои безбедносното возило дури во три наврати се најде на патеката во финишот од мечот.

Па Себастијан Фетел рутински стигна до победа, прва по 392 дена односно трката во Спа од минатата сезона. Шарл Леклер по двата триумфа во Спа и Монца, мораше да се задоволи со второто место, а Макс Верстапен го обезбеди последното место на пиедесталот. 

Потоа следуваа Луис Хамилтон и Валтери Ботас, а во бодови уште завршија Алекс Албон, Ландо Норис, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг и Антонио Џованицаи, кој неколку круга беше на чело на колоната кога фаворитите влегоа во бокс.

0 Коментари

Остави коментари