Одјавени текстилни работнички
Foto

Одјавени текстилни работнички

Отишле на лекар и дознале дека работодавачот ги одјавил. 

Со вакви случаи во време на пандемија се соочуваат работниците од повеќе компании,велат од невладината Гласен текстилец. За сите случаи пријавени до нив го известиле инспекторатот, но бараат Владата итно да побара список од Агенцијата за вработување за да се види точната бројка на работници. Сметаат дека сите фирми каде ќе се утврдат вакви неправилности треба да бидат избришани од листата за државна подршка како дел од мерките за справување со корона вирусот.

Поради откажани нарачки, но и заштита на вработените неколку претежно странски компании ги испратија вработените на колективен одмор. Неколку компании најавиле дека тоа ќе го сторат од понеделник. Засега тоа не е случај во Штип и околните помали градови каде работат текстилните фабрики. Ампева вели дека и покрај тоа што генерално се почитуваат мерките за заштита, сепак работничките се исплашени. 

Добра работа е што во автобусите со кои одат на работа е намален метежот, а со одлука на општинскиот кризен штаб, тие редовно се дезинфицираат. Сепак смета Ампева, сега кога се очекува пикот на епидемијата со корона вирус во државата, работдавачите треба да им дадат можност на работниците да го искористат вториот дел од годишниот одмор за 2019-та.

Во меѓувреме дел од компаниите од истокот се вклучија во акција за изработка на средства за заштита. Се шијат заштитни маски, а делчевска компанија изработи 200 пластични визири што ќе ги добијат болниците каде веќе се лекуваат болни од коронавирус, како и други здавствени установи во регионот.

0 Коментари

Остави коментари