Одговорност кај здравствените работници бара ДЗСИ за смртта на близначињата
По вонредниот инспекциски надзор на општата болница во Прилеп, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бара утврдување на дисциплинска одговорност кај здравствените работници од прилепската општа болница кои учествувале во лекувањето и исписот на близначињата од селото Славеј кои починаа на 16-ти овој месец.
- Ќе биде издадена и наредба за задолжително известување на надлежниот Центар за социјални работи во случај кога интересите на пациентот односно неговиот родител/старател се спротивставени, а за што од страна на ДСЗИ ќе биде спроведена и соодветна прекршочна постапка. Истовремено ДСЗИ врз основа на Законот за санитарна и здравствена инспекција, до министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над стручната работа на здравствената установа согласно законот за здравствена заштита“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

