Одбраната на Јовановски бара укинување на пресудата, Јанева не дојде во Апелација

Случајот „Рекет“ во кој се инволвирани поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски денеска повторно пред портите на судовите.

Во Апелациониот суд денеска се расправаше за жалбите на Јанева и Јовановски, но Катица Јанева не се појави во судница поради здравствени причини. Одбраната и на двајцата, Јанева и Јовановски побара да се укине пресудата за случајот „ Рекет“ и предметот да се врати на повторно судење. Одбраната на Јовановски, бара ослободителна пресуда или ново судење. 

Без јасни докази не може да се заснова пресуда од седум години казна затвор. Обвинителството не го докажа делото кое и се става на товар на Катица Јанева, наведе нејзината одбрана, образложувајќи ја жалбата пред Апелациониот суд. И одбраната на Јанева побара укинување на пресудата за „Рекет“. 

За случајот „Рекет", поранешната шефица на СЈО доби седум, а Бојан Јовановски девет години затвор. Случајот се отвори откакобизнисменот Орце Камчев обвини дека му изнудиле еден милион за да си ја олесни позицијата во случајот „Империја“, тој пак е во  притвор поради случајот „Плацеви на Водно“.

Вишиот обвинител, Дилавер бектеши, побара Апелацискиот суд да им ги зголеми казните на Јовановски и Јанева во случајот „Рекет“.