Одбојкарскиот куп на Македонија од четврток до сабота во Радовиш

Битката за првиот сезонски трофеј е во Радовиш. Македонската клупска одбојкарска сезона влегува за завршна фаза. Осум екипи, по две во машка и во женска конкуренција, од четврток до сабота ќе се надигруваат за пехарот во купот за сезоната 2022/23. Завршниот турнир ќе биде одржан во салата „25-ти Мај“  во Радовиш. Тридневната програма ќе почне со полуфиналните пресметки кај одбојкарите. 

Бранителот на ланскиот пехар, тимот на Струмица Никоб, е апсолутен фаворитп ротив Универизтет во Тетово, а ГОК Борец ќе се обиде да ја предизвика Шкендија во дуелот на трето и второпласираната екипа од шампионатот. 

Петокот е резервиран за дамите, а во нивното друштво Работнички Скопје ќе сервира со надеж да го повтори манатогодишното остварување од Кавадарци. Дербито во полуфиналето е меѓу Јанта волеј и Работнички Скопје, а Наковски волеј ја носи фаворитската улога против Вардар жени.