Одбојкарките на Јанта Волеј КВ поведоа во финалната серија
Финалната серија во Првата македонска одбојкарска лига во женска конкуренција стартуваше со неизвесен натпревар во пет сета, во кој одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода стигнаа до победа од 3:2 (20:25, 25:19, 11:25, 25:20, 15:12) против бранителот на титулата Работнички Скопје.
Одбојкарките на Никола Јаневиќ покажаа голема истрајност и ја добија првата меч топка во серијата, успевајќи два пати да се враат од негатива од 0:1 и 2:1 во сетови.
Мери Бошковска со 15 поени беше лидер на Јанта Волеј КВ, додека Баталаковска во редовите на Работнички Скопје со 23 поени беше најефикасна на натпреварот.
Вториот дуел од финалната серија се игра на терен на Работнички Скопје, во малата сала „Борис Трајковски“ во вторник од 17:30 часот.