Одбојкарите го почнаа ЕП со пораз од Финска
Foto

Одбојкарите го почнаа ЕП со пораз од Финска

Одигравме прв историски натпревар на едно првенство во одбојка, но за жал ќе почекаме за да се израдуваме и на прва победа. Македонија силно и се спротивстави на финска, но на крај загуби со 1-3.

Дека имаме квалитет покажа сите четири сета, во кои македонија беше тимот кој подолго од времето водеше. Сепак, во неколку наврати недостигаше нијанса, на теренот најчесто преточена во грешки во играта или во сервисот, токму во критични мигови. Првиот сет го загубивме со 25-23, откако претходно водевме со 20-16.

Во вториот слична приказна, имавме плус два, финска направи серија од четири поени и го освои сетот со 25-22. Третиот заврши со 25-23 за македонија, откако во него имавме највисоки плус пет, а во третиот бевме немоќни, па на крај резултатот гласеше 25-21. Ова беше прва победа за финците по серија од 15 порази.

Нам сега ни оставија задача, ако сакаме и понатаму да се надеваме на пласман во осминафиналето, да славиме против други два противника од групата це.. Следна ни е турција, утре повторно од 17 и 30 часот.

0 Коментари

Остави коментари