Одбојка може да се игра цело лето, клубовите ќе одлучат утре
Foto

Одбојка може да се игра цело лето, клубовите ќе одлучат утре

Одбојкарската федерација на Македонија и претставниците на клубовите во машка и женска конкуренција утре ќе одржат состанок на кој ќе одлучат дали одбојка ќе се игра цело лето.

ОФМ доби „зелено светло“ од европската одбојкарска конфедерација дека првенствата може да траат до 31 јули, период кој е доволен за националниот шампионат да биде доигран.

Федерацијата на 25 мај треба да ги добие и насоките од владата за протоколот кој треба да биде запазен за натпревари во сала. Тоа значи дека на утрешниот состанок се ќе зависи од желбата на клубовите дали да се доигра сезоната и со каков формат.

Прекин на првенствата е последната опција – децидни се од одбојкарската федерација. Доколку се донесе одлука првенството да се доигра, тоа ќе се на средината на јуни, а клубовите ќе имаат десетдневни подготовки пред стартот на натпреварите.

0 Коментари

Остави коментари