Одбиено е барање на Мицкоски за обвинител на предлог на опозицијата
Foto

Одбиено е барање на Мицкоски за обвинител на предлог на опозицијата

Јавен обвинител по предлог на опозицијата е завршена тема. Христијан Мицкоски го бара ова преку протести, но за власта е неприфатливо. Шансата е пропуштена кога пропаднаа преговорите на законот за јавно обвинителство. Министерот за правда неколку пати повторува дека нема намера да се менува Уставот за да се исполнува секоја желба на опозицијата. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по повеќе од една година го реафирмираше ова барање, откако Врховен ја потврди затворската казна за Гордана Јанкулоска.

И нејзиниот случај го стави во ист кош со Монструм, предметите кои ги води Вилма Русковска во кои се екс функционери од партијата. Се уште немаат идеја кој би бил нивниот предлог за независен јавен обвинител. 

Прв човек на обвинителството е Љубомир Јовески, кој дојде на функцијата во 2017-та година. Нема да се пензионира идната година кога ќе има 67 години, бидејќи е именуван од Владата и избран од Собранието и неговиот мандат е шест години, односно завршува 2023-та година. Идејата да се бира ЈО по предлог на опозиција беше прв пат предложена во изборната програма на СДСМ во 2016-та година.

Откако Зоран Заев дојде на власт порача дека е лицемерно криминална опозиција како ВМРО-ДПМНЕ да бира јавен обвинител. За овој предлог не се договорија ниту работните групи минатата година, кога се преговараше законот за јавно обвинителство кој почна да се применува од 30 јуни. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше, законот беше донесен со 80 гласа за и поддршка од 8-те независни пратеници.

0 Коментари

Остави коментари