Одбиените општини да достават ажурираната проектна документација ако сакаат пари од унгарскиот кредит
Град Скопје и општините Струмица, Сарај и Теарце треба да достават ажурираната проектна документација што им недостигала за да добијат средства на јавниот повик за доделување 100 милиони евра за реализирање на капитални инфраструктурни проекти.
Премиерот Христијан Мицкоски вели не очекува општините да достават нови проекти во дополнителниот рок што им е даден да аплицираат на повикот за доделување 100 милиони евра за реализирање на капитални инфраструктурни проекти, туку да ја достават ажурираната проектна документација што им недостигала за да добијат средства на јавниот повик.