Одбиена визата на Ѓоковиќ
Foto

Одбиена визата на Ѓоковиќ

По неколкудневна сага и одложување на одлуката, министерот за имиграција Алекс Хок ја поништи претходната одлука на Федералниот суд.

Ова го загрозува нападот на Ѓоковиќ на Австралија опен, кој стартува во понеделник, а каде во првото коло треба да игра со Миомир Кецмановиќ.

Доколку Ѓоковиќ не поднесе жалба и ако неговата жалба не биде прифатена, ќе биде депортиран од Австралија.

Хок проговори и ја објасни одлуката.

„Го искористив моето овластување во Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Поради здравствени причини и добар ред, се во јавен интерес. Оваа одлука следи по наредбата на Федералниот и Окружниот суд, од 10 јануари ја поништи претходната одлука за укинување на визата. За време на оваа одлука, внимателно ги разгледав сите информации од Министерството за внатрешни работи, австралиските гранични сили. Владата на Морисон е цврсто посветена на заштитата на границите на Австралија, особено за време на пандемија“, објасни Хок.

Сега останува на Ѓоковиќ да поднесе жалба и да „купи време“.

0 Коментари

Остави коментари