Одбележување на Светскиот инженерски ден во Скопје
Foto

Одбележување на Светскиот инженерски ден во Скопје

Комората на овластени архитекти и овластени инженери денеска ќе го одбележи Светскиот инженерски ден.

Претседателот на Комората, професор д-р Миле Димитровски, и инженери ќе говорат на различни теми поврзани со еврокодовите, урбанистичките и архитектонски предизвици, светлечките фонтани и недостигот од квалитетен воздух за дишење во Скопје.

Централната прослава на Светскиот инженерски ден ќе се одржи во УНЕСКО во Париз.

0 Коментари

Остави коментари